РУСИЈА УСВОИ ЗАКОН СО КОЈ ШИРЕЊЕТО „ЛАЖНИ“ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИНВАЗИЈАТА СЕ КАЗНУВА ДО 15 ГОДИНИ ЗАТВОР

    РУСИЈА УСВОИ ЗАКОН СО КОЈ ШИРЕЊЕТО „ЛАЖНИ“ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИНВАЗИЈАТА СЕ КАЗНУВА ДО 15 ГОДИНИ ЗАТВОРЕкипата на ТВ-каналот „Дожд“ вчера се прости од гледачите пред затворањето

    Долниот дом на рускиот парламент (Дума) едногласно изгласа закон со кој се воведуваат затворски казни до 15 години за намерно ширење „лажни“ информации за руската воена операција во Украина.

    Ова следува откако руските власти извршија силен притисок врз независните медиуми поради нивното известување за инвазијата. Последниот преостанат независен ТВ-канал „Дожд“ вчера престана со емитувањето на неодредено време, а беше наредено и затворањето на „Ехото на Москва“, една од најстарите радиостаници во Русија. Тие беа прогласени за странски агенти поради постојаното користење на термините војна, инвазија и агресија.

    Спикерот на Дума, Вјачеслав Володин, кажа дека новиот закон би можел да стапи на сила уште утре. Од тој момент, ширењето на лажни информации ќе се казнува со затвор од три до 15 години.

    Неколку часа по изгласувањето на законот, и сајтот „Знак“ објави дека престанува со работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира