РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА КРИМСКИОТ МОСТ ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ОБНОВЕН ДО СРЕДИНАТА НА СЕПТЕМВРИ ПО ПОСЛЕДНИОТ НАПАД

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА КРИМСКИОТ МОСТ ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ОБНОВЕН ДО СРЕДИНАТА НА СЕПТЕМВРИ ПО ПОСЛЕДНИОТ НАПАДАвтомобилите користат една лента за да го преминат Керчкиот Проток (Фото: Телеграм)

    Мостот што ги поврзува Русија и анектираниот полуостров Крим делумно беше отворен за автомобили ден по нападот во кој загинаа двајца луѓе. Украина не ја презеде одговорноста за нападот, за кој Русија кажа дека бил изведен со две беспилотни летала кои се движат по површината на водата.

    Осудувајќи го нападот како терористички чин против клучна сообраќајна врска, Владимир Путин порача дека руската војска соодветно ќе одговори. Украинската војска соопшти дека утрово со дронови и проектили биле нападнати југот и истокот на земјата.

    Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин изјави дека автомобилите користат една лента за да го преминат Керчкиот Проток, надевајќи се дека мостот целосно ќе биде ставен во функција до средина на септември. Руското министерство за транспорт соопшти дека нема оштетувања на потпорните столбови, туку само на површината на мостот, додека железничкиот сообраќај на паралелната пруга бил вознобновен по неколкучасовен прекин.

    Кримскиот мост беше отворен во 2018 и веќе беше цел на напади од почетокот на руската инвазија. По експлозиите во октомври минатата година, беше целосно обновен дури во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира