РУСИН ДОБИ ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ОТКАКО МУ ЈА ОДЗЕДОА 13-ГОДИШНАТА ЌЕРКА ЗАШТО НАЦРТАЛА АНТИВОЕН ЦРТЕЖ

    РУСИН ДОБИ ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ОТКАКО МУ ЈА ОДЗЕДОА 13-ГОДИШНАТА ЌЕРКА ЗАШТО НАЦРТАЛА АНТИВОЕН ЦРТЕЖЦртежот поради кој 13-годишната Маша била пријавена на властите

    Рускиот самохран татко чија ќерка беше пријавена на властите поради антивоен цртеж е осуден на две години затвор поради дискредитирање на армијата. Сепак, 53-годишниот Алексеј Москалев не бил на изрекувањето на пресудата во судот во Ефремов, 320 километри јужно од Москва, кој бил известен дека тој избегал од домашниот притвор.

    Не знам каде е“, изјави адвокатот на Москалев, Владимир Билијенко.

    Ќерката на Москалев, 13-годишната Маша, била испратена во дом за деца во почетокот на овој месец откако почнала кривичната постапка. Москалев, кој се појавил во судот претходниот ден, бил обвинет дека постојано ја критикувал руската војска на социјалните мрежи.

    Тој е еден од многуте Руси кои од почетокот на руската инвазија добија затворски казни за дискредитирање на војската, но неговиот случај привлече меѓународно внимание поради одлуката на властите да му ја одземат ќерката.

    Проблемите за семејството почнале во април лани, кога училиштето им кажало на властите дека Маша нацртала цртеж на кој имало украинско знаме со натписот „Слава на Украина“, ракети и руско знаме со пораката „Не на војната“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира