РУСИТЕ ДОЗВОЛИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИТЕ ОД МАРИУПОЛ, КОЈ ПЕТ ДЕНА СЕ ГРАНАТИРА

    РУСИТЕ ДОЗВОЛИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИТЕ ОД МАРИУПОЛ, КОЈ ПЕТ ДЕНА СЕ ГРАНАТИРАВластите кажаа дека во градот веќе нема вода, струја и греење (Фото: Твитер)

    Руското министерство за одбрана објави дека дозволило отворање на хуманитарни коридори од окружените градови Мариупол и Волноваха, почнувајќи во осум часот по средноевропско време.

    „Ќе се воведе режим на тишина за да може цивилното население да излезе од градовите. Ова е договорено со украинските власти“, објави Москва.

    Мариупол се наоѓа под опсада на руските сили веќе со денови и притоа е изложен на жестоки гранатирања. Градоначалникот Вадим Бојченко вчера побара да се отвори хуманитарен коридор за евакуација на дел од 400.000 жители на градот поради постојаната блокада и, како што кажа, петдневните безмилосни напади од руските сили.

    „Во градот нема вода, струја и греење, а се намалуваат и залихите на храна. Ние сме уништени. Русите сакаат да ги избришат Мариупол и неговите жители од лицето на земјата“, изјави Бојченко, споредувајќи ја ситуацијата со нацистичката блокада на Ленинград во Втората светска војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира