РУСИТЕ ГЛАСААТ ЗА ДА МУ ОБЕЗБЕДАТ НОВ ШЕСТГОДИШЕН МАНДАТ НА ПУТИН, НА КОГО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МУ ГО ЗГОЛЕМИ РЕЈТИНГОТ

    РУСИТЕ ГЛАСААТ ЗА ДА МУ ОБЕЗБЕДАТ НОВ ШЕСТГОДИШЕН МАНДАТ НА ПУТИН, НА КОГО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МУ ГО ЗГОЛЕМИ РЕЈТИНГОТАнкетите велат дека Путин го поддржуваат 86% Руси (Фото: Кремљ)

    Додека земјата е во војна, може да има само еден вистински кандидат и само еден победник на претседателските избори во Русија: Владимир Путин. Од Камчатка до Калининград, тридневните избори траат од денеска до недела, а популарноста на 71-годишниот Путин е многу голема, паралелно со силната поддршка за војната во Украина.

    Западот го смета Путин за автократ, воен злосторник и убиец, додека американскиот претседател Џо Бајден неодамна го нарече „луд кучкин син“. Но, во Русија, војната му помогна на Путин да ја зајакне својата власт и да си ја зголеми популарноста. Анкетите велат дека Путин го поддржуваат 86% Руси, додека пред војната во Украина тоа изнесуваше 77%. Рејтингот на Путин исто така порасна за време на војната со Грузија во 2008 и кога Русија го анектираше Крим пред десет години.

    Путин ништо не препушта на случајот. Од почетокот на руската инвазија, властите ги спречија сите знаци на несогласување и опозиција, додека државните медиуми му се крајно лојални на Путин. Задачата на тројцата противкандидати Николај Харитонов, Леонид Слуцки и Владислав Даванков е да изгубат. Ниеден од нив не ужива поддршка поголема од 6%, но сите ги поддржуваат политиките на Кремљ.

    Единствениот антивоен кандидат Борис Надеждин не доби дозвола да учествува, откако илјадници луѓе застанаа во редица да се потпишат за неговата кандидатура.

    Главната грижа на Кремљ е да се обезбеди голема излезност, која пред шест години била 68%, а ќе се гласа и на окупираните територии во Украина.

    Како претседател или премиер, Путин ја води Русија од 2000 и со промените на уставот си обезбеди уште два шестгодишни мандата, што значи дека би можел да остане на власт до 2036.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира