РУСИТЕ ГО ОСВОИЈА ГРАДОТ КРЕМИНА И НАПРЕДУВААТ КОН КРАМАТОРСК НА СТАРТОТ НА ОФАНЗИВАТА НА ДОНБАС

    РУСИТЕ ГО ОСВОИЈА ГРАДОТ КРЕМИНА И НАПРЕДУВААТ КОН КРАМАТОРСК НА СТАРТОТ НА ОФАНЗИВАТА НА ДОНБАСРусија денеска потврди дека ја почнала втората фаза од војната во Украина (Фото: Гети)

    Руските сили го освоија градот Кремина и напредуваат кон Краматорск откако ја лансираа својата очекувана офанзива на источна Украина. Гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, кажа дека украинските војници се повлекле од Кремина откако овој град со 18.000 жители бил изложен на жестоки руски напади.

    „Кремина е под контрола на Орките. Тие нападнаа од сите страни и влегоа во градот. Нашите бранители се повлекоа, се утврдија на нови позиции и продолжуваат да се борат“, изјави Гајдај.

    Тој додаде дека е невозможно да се процени колку цивили загинале.

    „Официјалните бројки велат околу 200, но реално се многу повеќе“, кажа Гајдај.

    Премиерот на самопрогласената Народна Република Луганск, Сергеј Козлов, потврди дека во борбите за Кремина загинал командирот на еден од проруските баталјони, Михаил Кишчик, попознат како Миша Чеченецот, ветеран од војната во 2014 година.

    Градоначалникот на Харкив, Игор Терехов, изјави дека руските сили почнале со постојани бомбардирања на цивилните области во градот.

    „Во изминатите ден и пол загинале 15 цивили, сите во еден напад“, изјави Терехов.

    Русија денеска потврди дека ја почнала втората фаза од војната во Украина, чија цел е целосното ослободување на источниот регион Донбас. Украинската војска соопшти дека руските сили ги напаѓаат одбранбените линии долж целиот фронт во регионите Доњецк, Луганск и Харкив, чија должина изнесува речиси 500 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира