РУСИТЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ ВО АВИЈАЦИЈА И АРТИЛЕРИЈА ВО БОРБИТЕ ВО ДОНБАС, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

    РУСИТЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ ВО АВИЈАЦИЈА И АРТИЛЕРИЈА ВО БОРБИТЕ ВО ДОНБАС, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКАКиев вели дека следните денови ќе бидат многу тешки во источна Украина (Фото: Гети)

    Украинската војска кажа дека Русија е во предност во борбите во источниот регион Луганск, каде што се одвива најжестоката офанзива од почетокот на инвазијата, но дека и натаму ја држи ситуацијата под контрола.

    Русија има предност во авијација и артилерија, но чиниме сè за да ја промениме ситуацијата. Ако добиеме модерни оружја од нашите партнери, тоа ќе ја забрза нашата победа“, изјави Олексиј Громов од генералштабот на украинските вооружени сили.

    Тој вели дека ситуацијата во областа на Северодоњецк е тешка, но стабилна.

    Русите таму дејствуваат на класичен начин: прво напаѓаат од воздух, па со артилерија и потоа ги праќаат своите копнени трупи“, кажа Громов.

    Украинските власти велат дека Русите се обидуваат да ја пробијат одбраната на неколку источни фронта, користејќи проектили со краток домет, повеќеракетни системи, тешка артилерија и тенкови. Според американскиот Институт за проучување војна, руските сили можеби ќе тргнат во копнена офанзива на Северодоњецк во наредните денови откако распоредиле значителен дел од своите персонал, авијација, артилерија и логистика во тој регион.

    Непријателот делумно го контролира Лиман и стигна до периферијата на Северодоњецк. Ситуацијата во оваа област ќе биде многу тешка во следните денови. Автопатот што ги поврзува Бахмут и Лисичанск е под постојани напади“, изјави украинскиот пратеник Федир Вениславски, кој е член на Националниот комитет за безбедност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира