РУСИТЕ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО ТВИТЕР И ФЕЈСБУК ПРЕКУ СОРАБОТНИК НА ЗЕТОТ НА ТРАМП, ОТКРИЈА РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИ

    РУСИТЕ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО ТВИТЕР И ФЕЈСБУК ПРЕКУ СОРАБОТНИК НА ЗЕТОТ НА ТРАМП, ОТКРИЈА РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИТврдат дека со инвестициите не се купувало влијание на социјалните мрежи. - Џеред Кушнер и рускиот технолошки магнат Јури Милнер (Фото: Гети)

    Две руски државни институции, кои имаат блиски врски со Владимир Путин, имале значајни инвестиции во Твитер и во Фејсбук преку бизнис-соработник на Џеред Кушнер, се дознава од протечените т.н. „рајски документи“.

    Инвестициите биле правени преку рускиот технолошки магнат Јури Милнер, кој има акции во компанија во косопственост на Кушнер, инаку, виш советник во Белата куќа и зет на претседателот Доналд Трамп.

    Ова откритие ќе ја зголеми загриженоста за руското влијание врз американската политика и за улогата што социјалните мрежи ја имаа во ланските претседателски избори во САД.

    Александер Вершбов, поранешен руски амбасадор во САД, вели дека руските државни институции беа редовно користени како средство за политичките проекти на Путин.

    „Тука очигледно имаше поширок план, и покрај тоа што Путин цело време тврди спротивно“, вели Вершбов.

    Овие документи покажуваат дека државната банка ВТБ во 2011 година инвестирала дури 191 милион долари во Твитер, но Милнер тврди дека со тоа не се купувало влијание и дека не бил свесен дека компанија финансирана од „Гаспром“ има акции во вредност од милијарда долари.

    „Јас не сум вклучен во никакви политички активности, ниту сум ги финансирал“, изјави Милнер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира