РУСИТЕ ЈА РАКЕТИРАА ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО УКРАИНА, ПОГОДЕНА И НАЈГОЛЕМАТА БРАНА ВО ЗЕМЈАТА

    РУСИТЕ ЈА РАКЕТИРАА ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО УКРАИНА, ПОГОДЕНА И НАЈГОЛЕМАТА БРАНА ВО ЗЕМЈАТАВо „ДнипроХЕС“ во Запорожје избувнал пожар, но немало ризик од пробивање на браната (Фото: АП)

    Најголемата брана во Украина, „ДнипроХЕС“ во Запорожје, е погодена во денешниот руски ракетен напад на енергетската инфраструктура низ земјата, но немало ризик од нејзино пробивање.

    „Има пожар во станицата. Итните служби се на терен и се справуваат со последиците од бројните воздушни напади“, соопшти „Укрихидроенерго“, компанијата која управува со мрежата на државни брани.

    Украинскиот министер за енергетика Герман Халушченко изјави дека ова беше најголемиот воздушен напад на украинската енергетска инфраструктура во скоро време. Повеќе од еден милион потрошувачи останале без струја како последица на овие напади, од кои околу 700.000 во регионот Харкив. Едно лице загина во Запорожје, а две во регионот Хмелницки.

    „ДнипроХЕС“ ја снабдува со струја и нуклеарната централа Запорожје. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, изјави дека бил прекинат главниот 750-киловолтен далновод до централата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира