Пет лица загинаа, а пет се повредени откако Русите ја ракетираа главната ТВ-кула во Киев, објави агенцијата „Интерфакс“. Нападот уследи кратко време откако руското министерство за одбрана јавно ги предупреди жителите на Киев да ги напуштат своите домови и да се засолнат зашто се планираат „високо прецизни напади“ на градот.
Украинското министерство за одбрана потврди дека кулата била цел на нападот, но нејасно е дали таа била погодена или околни објекти. По кратко време, сигналот на украинските ТВ-канали бил повратен. Претходно, руското Министерство за одбрана предупреди на претстојните напади во Киев заради „потиснување на информативните напади“.
Наскоро имаше и втора експлозија, а канцеларијата на претседателот Володомир Зеленски објави дека ракетата го погодила меморијалниот комплекс на холокаустот Баби Јар, што се наоѓа на 200 метри од самата кула. Комплексот е нзградена е на најголемата масовна гробница на холокаустот во Европа, каде нацистичките одреди на смртта убија повеќе од 33.000 Евреи за само два дена во 1941 година.
„Која е поентата 80 години да се кажува ‘никогаш повеќе’, ако светот молчи кога бомба паѓа на истата локација на Бабин Јар? Најмалку петмина загинати. Историјата се повторува“, објави на Твитер претседателот Зеленски.
Москва претходно најави дека ќе изведе напади врз Безбедносната служба на Украина и технолошки центри.