РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО ДОЊЕЦК, УКРАИНА НАЈАВИ МОБИЛИЗАЦИЈА НА УШТЕ 160.000 РЕГРУТИ

    РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО ДОЊЕЦК, УКРАИНА НАЈАВИ МОБИЛИЗАЦИЈА НА УШТЕ 160.000 РЕГРУТИУкраинската војска се наоѓа под голем притисок во изминатите месеци (Фото: Гети)

    Украина најави нова мобилизација на 160.000 регрути, додека руските сили напредуваат во источниот регион Доњецк, каде што последно го зазеле рударскиот град Селидове, оддалечен само 18 километри од главната цел Покровск.

    „Има планови за повикување на 160.000 луѓе. Регрутацијата ќе се одвива во период од три месеци“, изјави секретарот на Советот за национална безбедност, Олександр Литвиненко.

    Украинската војска се наоѓа под голем притисок во изминатите месеци, додека истовремено продолжува да држи значителни трупи во рускиот регион Курск, каде што изврши изненадувачки упад во август.

    Најавите за нова мобилизација во Украина доаѓаат среде извештаите дека Северна Кореја ќе се вклучи во војната. Пентагон вели дека околу 10.000 севернокорејски војници пристигнале на обука во источна Русија.

    „Мал број севернокорејски војници се веќе испратени во Курск, а уште неколку илјади се упатуваат натаму“, кажа Пентагон.

    Украинскиот парламент во април годинава усвои закон со кој треба да се олесни мобилизацијата. Законот бара од сите мажи од 25 до 60 години да се регистрираат во електронската база на податоци за да можат да бидат повикани во војската.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира