РУСИТЕ ПРВПАТ ГИ РАКЕТИРАА ДНИПРО И ЗАПАДНА УКРАИНА

    РУСИТЕ ПРВПАТ ГИ РАКЕТИРАА ДНИПРО И ЗАПАДНА УКРАИНАЕдно лице загинало во нападот на Днипро (Фото: СЕС)

    Руските сили првпат од почетокот на инвазијата ги ракетираа четвртиот по големина украински град Днипро и западниот дел на земјата. Државната служба за вонредни ситуации (СЕС) кажа дека во Днипро биле погодени три цивилни цели, при што едно лице загинало, додека во северозападниот град Луцк биле гаѓани аеродромот и фабриката за поправка на авионски мотори.

    „Утрово имаше три воздушни напади на Днипро, при што се погодени градинка и станбена зграда“, соопшти СЕС.

    Руското министерство за одбрана ги потврди нападите на Луцк и Ивано-Франквиск, уште еден град во западниот дел на земјата, велејќи дека со прецизни проектили со долг домет биле погодени два воени аеродрома.

    Градовите во западна Украина досега не беа цел на руските бомбардирања, кои се фокусираа на Киев и на југот и истокот на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира