Шефот на украинскиот генералштаб Валери Залужни вели дека негови војници се борат со руските сили само 7 километри од главниот град – во Хостомел, седиште на производителот на авиони „антонов“, каде што има писта долга дури и за најголемите карго авиони. „Си-Ен-Ен“ објави дека руските трупи веќе го контролираат аеродромот што е воена база на украинските сили.
Руски официјални лица изјавија дека сепратистичките сили поддржани од Русија успеале да освојат ново парче територија од Украина, но не објавуваат за воени еднинци во други места од државата.
Новинари од АП потврдија дека имало експлозии во главниот град, во Мариупол на Азовското Море и во Харков на исток од земјата. Видео потврдено од АП покажува руски воени возила како поминуваат од Белорусија во северна Украина и од Крим во јужниот дел од земјата.
Руското министерство за надворешни работи тврди дека уништило голем број украински воздухопловни бази, воени објекти и дронови како и дека изгубиле еден воен авион „су-25“поради „пилотска грешка“. Тврдат дека не целат градови и дека користат прецизни оружја „кои не претставуваат закана за населението“.
Украинските воени сили објавија дека мртви се барем 40 војници, вклучувајќи и воен авион кој паднал јужно од Киев во кој имало 14 луѓе.