РУСИТЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ОТВОРАТ НОВ ФРОНТ ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ И ДА СОЗДАДАТ ТАМПОН ЗОНА

    РУСИТЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ОТВОРАТ НОВ ФРОНТ ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ И ДА СОЗДАДАТ ТАМПОН ЗОНАРусија постепено ги засилуваше своите воени операции околу Харкив во изминатите недели (Фото: АФП)

    Руските блогери објавија дека денешниот прекуграничен напад на руската војска во регионот Харкив имал извидничка цел, но дека борбената зона била проширена во длабочина за два-три километри во некои погранични области.

    Украинското министерство за одбрана кажа дека Русите направиле обид да се пробијат со оклопни возила низ одбранбените линии кај градот Вовчанск и дека првичниот напад бил одбиен. Русите наводно напредувале еден километар, а борби се воделе кај три погранични села.

    „Русија денеска почна нови офанзивни операции во Харкив. Нашите сили беа спремни за овој напад“, кажа Володимир Зеленски и додаде дека Русија би можела да испрати нови трупи и да проба нов напад.

    Русија постепено ги засилуваше своите воени операции околу Харкив во изминатите недели и регионалниот гувернер Олег Синехубов им препорача на жителите на градовите Вовчанск и Липци да се евакуираат.

    Русија досега нема објавено дека почнала нова офанзива во Харкив, но тврди дека деновиве биле заземени две села во овој регион.

    Се очекува Русија да регрутира дополнителни трупи оваа година и да ги засили борбите во мај и јуни. Во моментов, руските акции се концентрирани во Донбас, конкретно кај градот Часив Јар.

    Владимир Путин неодамна изјави дека се размислува за создавање демилитаризирана зона на украински територии со цел да се спречат воздушни напади врз руската територија. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Харкив би бил дел од таа зона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира