РУСИТЕ СЕ ВО ПОВЛЕКУВАЊЕ КАЈ БАХМУТ, ВЕЛАТ УКРАИНА И „ВАГНЕР“

    РУСИТЕ СЕ ВО ПОВЛЕКУВАЊЕ КАЈ БАХМУТ, ВЕЛАТ УКРАИНА И „ВАГНЕР“Украинската војска кажа дека на некои места напредувале за повеќе од еден и пол километри (Фото: АП)

    Украинската војска и платеничката група „Вагнер“ известија за дополнителни повлекувања на руските сили кај Бахмут, додека Украина го бележи најголемото напредување на фронтот во изминатите шест месеци, што доаѓа во пресрет на најавената противофанзива.

    Киев кажа дека Русите ги бомбардираат пристапните патишта кон Бахмут со цел да го успорат украинскиот напад, кој ја менува ситуацијата на фронтот по неколкумесечното бавно напредување на руските сили.

    Откако почнавме да напредуваме, тие ги гранатираат сите патишта кои водат кон позициите на фронтот за да се оневозможи доставата на уште пешадија и муниција“, изјави заповедникот на украинска артилериска единица Петро Подару.

    Украинската војска кажа дека на некои места напредувале за повеќе од еден и пол километри.

    Во исто време, шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, тврди дека неговите борци и натаму напредуваат во самиот град, но ги обвини заповедниците на регуларната руска војска за напуштање на своите позиции северно и јужно од градот.

    За жал, руските единици се повлекоа за 570 метри северно од Бахмут, со што ги оставија изложени моите војници. Бидејќи моите писма не ги читаат, јавно го молам министерството за одбрана да не се откажува од своите позиции“, изјави Пригожин.

    Украина вели дека нејзината тактика во Бахмут е да ги навлече руските сили во градот и со тоа да ги ослабне нивните позиции на други места во пресрет на противофанзивата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира