Руската новинарка Оксана Баулина загина при руското гранатирање на Киев. Од почетокот на руската инвазија, таа известувала од Киев и Лавов за истражувачкиот сајт „Инсајдер“ и загинала додека ги снимала штетите во населбата Подил.
Четириест и двегодишната Баулина порано работела за антикорупциската фондација на Андреј Навални, која беше прогласена за незаконска и екстремистичка, поради што ја напуштила Русија, како и други нејзини колеги.
Баулина е петта личност од медиумите која го загуби животот во Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец. Претходно загинаа украинскиот снимател Јевгени Сакун, американскиот филмаџија и новинар Брент Рено и тандемот од „Фокс њуз“ Пјер Закшевски и Олександра Кувшинова.