РУСКАТА ОФАНЗИВА КАЈ БАХМУТ ЈА ГУБИ СИЛАТА, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

    РУСКАТА ОФАНЗИВА КАЈ БАХМУТ ЈА ГУБИ СИЛАТА, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКАСè уште постои опасност дека украинските сили би можеле да бидат опколени во Бахмут (Фото: Гети)

    Руските дронови вчера нападнаа цивилни цели во Украина, при што загинаа најмалку осум луѓе во Ржишив близу Киев, но повеќемесечната копнена опсада на источниот град Бахмут е во застој поради жестокиот отпор на бранителите, велат британски и украински воени експерти.

    Сè уште постои опасност дека украинските војници би можеле да бидат опколени во Бахмут, но се чини дека рускиот напад на градот губи на сила“, велат британските разузнавачи.

    И генералштабот на украинската војска се согласува дека опаѓа офанзивната моќ на руските сили во Бахмут, која е место на најсмртоносната пешадиска битка во Европа од Втората светска војна. Ова го покажа и вчерашната посета на Володимир Зеленски на истурените позиции на украинската војска кај Бахмут, каде што беше снимен како доделува ордени.

    Руските сили моментално го засилуваат темпото на нивните офанзивни операции околу Авдивка во обид да го опколат овој град, што можеби го прават по цена на успорување на своите операции околу Бахмут и Вухледар“, велат британските разузнавачи.

    Авдивка се наоѓа близу градот Доњецк и е на првата линија на фронтот уште од 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира