РУСКИ ВОЕН АВИОН СЕ УРНА НА КРИМ, ЗАГИНАА 30 ЛУЃЕ

    РУСКИ ВОЕН АВИОН СЕ УРНА НА КРИМ, ЗАГИНАА 30 ЛУЃЕВластите кажаа дека причината за падот е техничка грешка и дека не било пукано кон авионот „Ан-26“

    Руски воен авион се урна на окупираниот украински полуостров Крим, при што загинаа 30 луѓе, објави руското министерство за одбрана. Остатоците од транспортниот авион „Ан-26“ биле пронајдени откако го изгубил контактот со властите за време на рутински лет.

    Од министерството кажаа дека причината за падот е техничка грешка и дека не било пукано кон авионот. Рускиот Истражен комитет ја потврди несреќата и соопшти дека отворил истрага за прекршување на безбедноста на летањето.

    Во авионот имало 23 патници и седум члена на екипажот. Неименуван извор изјави за агенцијата „ТАСС“ дека авионот удрил во карпа 25 километри источно од градот Севастопол.

    „Ан-26“ е двомоторен авион што се произведуваше во Советскиот Сојуз од 1969 до 1985 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира