РУСКИ ВОЈНИЦИ И ВОЕНА ОПРЕМА ПРИСТИГНАА СО ДВА АВИОНА ВО ВЕНЕЦУЕЛА

    РУСКИ ВОЈНИЦИ И ВОЕНА ОПРЕМА ПРИСТИГНАА СО ДВА АВИОНА ВО ВЕНЕЦУЕЛАВо авионите наводно имало 100 војници, предводени од руски генерал (Фото: Ројтерс)

    Два руски воени авиона слетаа на главниот аеродром во Каракас, наводно превезувајќи десетици војници и големо количество опрема. Руската новинска агенција „Спутник“ објави дека ова е со цел да се „исполнат технички воени договори“.

    Венецуелскиот новинар Хавиер Мајорка напиша на Твитер дека видел како од авионите се истовариле околу 100 војници и 35 тони опрема.

    „Војниците беа предводени од генералот Васили Тонкошкуров“, изјави Мајорка.

    Ова доаѓа три месеци откако двете земји одржаа заедничка воена вежба, на којашто Русија испрати два борбени авиона.

    Русија долго време важи за сојузник на Венецуела и отворено се противеше на американските санкции против владата на Мадуро, давајќи му поддршка откако Хуан Гуаидо неодамна се прогласи за претседател.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира