РУСКИОТ АВИОН СЕ УРНАЛ ПОРАДИ ЗАМРЗНАТИТЕ СЕНЗОРИ ЗА БРЗИНА

    РУСКИОТ АВИОН СЕ УРНАЛ ПОРАДИ ЗАМРЗНАТИТЕ СЕНЗОРИ ЗА БРЗИНАПроблемите во авионот се појавиле две и пол минути по полетувањето (Фото: АФП)

    Замрзнатите сензори за брзина е веројатната причина за падот на патничкиот авион во близина на Москва, при што загинаа 71 лице.

    Неисправните инструменти можеле да му дадат погрешни податоци за брзината на пилотот, објави рускиот Комитет за авионски сообраќај.

    Авионот на компанијата „Саратов ерлајнс“ се урна неколку минути по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово во неделата.

    Прелиминарна анализа на внатрешниот снимач на летот покажа дека проблемите во авионот се појавиле две и пол минути по полетувањето, кога бил на висина од 1.300 метри.

    „Инструментите почнале да покажуваат различни читања на брзината, веројатно, поради замрзнатите сензори, додека системите за греење биле исклучени. Кога посадата го забележала проблемот, го исклучила автопилотот и почнала со спуштање“, објави Комитетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира