Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се наоѓа во бессознание во болница откако бил отруен, изјави неговата портпаролка. На 44-годишниот Навални му се слошило за време на лет, при што авионот принудно слетал во Омск.
„Се сомневаме дека нешто било ставено во неговиот чај. Тоа е единствениот пијалак што го имаше утрово“, кажа Кира Јармиш.
Извор од болницата потврдил дека станува збор за труење.
„Навални се наоѓа во сериозна состојба“, изјавил еден лекар за државната новинска агенција ТАСС.
Јармиш кажа дека Навални утрово се враќал во Москва од Томск.
„За време на летот, на него му се слоши. Авионот принудно слета во Омск. Алексеј има труење и моментално е во бессознание“, рече таа.
Навални важи за еден од најголемите критичари на Путин и особено работеше на откривањето на случаи на корупција во власта. Тој досега бил апсен повеќе пати.