РУСКИТЕ СИЛИ ТВРДАТ ДЕКА СЕ ДОБЛИЖИЛЕ НА 5 КИЛОМЕТРИ ДО ЧАСИВ ЈАР ВО ИСТОЧНА УКРАИНА, ШТО МОРА ДА ГО ОСВОЈАТ ДО 9 МАЈ

    РУСКИТЕ СИЛИ ТВРДАТ ДЕКА СЕ ДОБЛИЖИЛЕ НА 5 КИЛОМЕТРИ ДО ЧАСИВ ЈАР ВО ИСТОЧНА УКРАИНА, ШТО МОРА ДА ГО ОСВОЈАТ ДО 9 МАЈЧасив Јар обезбедува заштита за некои од најголемите градови во регионот Доњецк, Краматорск и Славјанск (Фото: Гети)

    Русија објави дека нејзината војска се доближила на само пет километри до градот Часив Јар во источна Украина, откако влегла во селото Богданивка. Часив Јар се смета за следна голема цел на Русите и шефот на украинската војска Олександр Сирски предупреди дека тие сакаат да го освојат градот до 9 мај, кога се одбележува еден од најголемите празници во Русија, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

    Часив Јар е силно утврден ридски град кој обезбедува заштита за некои од најголемите градови во регионот Доњецк, Краматорск и Славјанск.

    Ако Русите успеат да го окупираат градот, тие потоа ќе можат да лансираат офанзива кон Костјантинивка, Краматорск и Славјанск. Тие градови се последните украински упоришта во Доњецк“, изјави портпаролот на украинската војска Назар Волошин.

    Руската војска значително напредуваше на источниот фронт во изминатите месеци откако Украина се соочи со недостиг на муниција. Часив Јар е оддалечен само десет километри од Бахмут и, според Киев, Кремљ издал наредба за негово освојување до 9 мај.

    Украинските трупи се добро вкопани за да ги одбиваат секојдневните руски напади. Военото заповедништво нареди зајакнување на тамошните бригади со муниција, дронови и опрема за електронско војување“, кажа Сирски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира