Руските војници убиле украински музичар во неговиот дом откако тој одбил да земе учество на концерт во окупираниот Херсон, објави украинското министерство за култура.
„Диригентот Јури Керпатенко одбил да настапи на концерт со кој окупаторите сакале да покажат дека се подобрува мирниот живот во Херсон. На концертот на 1 октомври требало да настапи и камерниот оркестар ‘Гилеја‘, чиј диригент бил Керпатенко, но тој категорички одбил да соработува со окупаторите“, кажаа од министерството.
Јавното обвинителство на Херсон соопшти дека покренало истрага за убиството на Керпатенко, кој бил главен диригент и во локалниот музичко-драмски театар „Микола Кулиш“.
Украински и меѓународни уметници го осудија убиството на Керпатенко, кој не сакал да замине од Херсон и не ја криел својата проукраинска позиција.