РУТЕ ОЧЕКУВА ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО ДА ОБЕЗБЕДУВААТ МИЛИЈАРДА ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА

    РУТЕ ОЧЕКУВА ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО ДА ОБЕЗБЕДУВААТ МИЛИЈАРДА ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНАРуте вели дека Украина треба да биде во најдобра можна позиција да продолжи да се бори (Фото: ДПА)

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, очекува земјите-членки на aлијансата да издвојуваат повеќе од милијарда долари месечно за снабдување на Украина со американско оружје во 2026, објави ДПА.

    „Средствата ќе се користат за купување американска опрема, како што се противвоздушни системи“, изјави Руте на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел.

    Финансискиот инструмент „Список на приоритетни барања за Украина“ предвидува продажба на муниција и оружје произведено во САД на европските сојузници на Киев и Канада, кои потоа ќе ги достават во Украина. Оваа иницијатива беше покрената оваа година откако Доналд Трамп побара други земји да плаќаат за понатамошна американска воена помош.

    Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Германија ќе издвои уште 200 милиони долари за снабдување на Украина со американско оружје и муниција. Полска, Норвешка и Холандија рекоа дека ќе го удвојат финансирањето за да се зголеми вкупниот износ на 500 милиони долари за американско оружје. Германија веќе обезбеди ист износ оваа година за финансиската иницијатива.

    „Треба да осигураме дека додека преговорите продолжуваат, Украина е во најдобра можна позиција да продолжи да се бори“, рече Руте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира