РУЖДИ Е САМ ВИНОВЕН ЗА НАПАДОТ ВО ЊУЈОРК, ВЕЛИ ИРАН

    РУЖДИ Е САМ ВИНОВЕН ЗА НАПАДОТ ВО ЊУЈОРК, ВЕЛИ ИРАНМенаџерот на Ружди изјави дека тој веќе не е во животна опасност (Фото: АП)

    Салман Ружди и неговите поддржувачи се сами виновни за нападот во Њујорк во кој славниот писател беше избоден повеќе пати, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Насер Канани.

    Слободата на говорот не може да биде оправдување за навредите кон религијата што ги има во пишувањата на Ружди. Категорички негираме дека имаме врска со овој напад. Никој нема право да го обвинува Иран“, изјави Канани.

    Тој додаде дека Иран нема информации за напаѓачот врз Ружди, освен она што беше објавено во медиумите.

    Повикувајќи се на европски и блискоисточни разузнавачки извори, „Вајс њуз“ вчера објави дека пред нападот, Хади Матар наводно бил во контакт со Иранската револуционерна гарда. Истовремено, нема докази дека иранските власти се вмешани во организацијата на нападот.

    Ружди со години се криеше и примаше смртни закани поради книгата „Сатански стихови“ од 1988 откако бившиот врховен водач на Иран, ајатолах Хомеини, го осуди на смрт.

    Ружди го почна процесот на заздравување, кој ќе биде долг. Повредите се сериозни, но неговата состојба оди во вистинска насока“, изјави менаџерот на Ружди, Ендрју Вајли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира