САД, БРИТАНИЈА И АВСТРАЛИЈА ПРЕТСТАВИЈА НОВ ДОГОВОР ЗА НУКЛЕАРНИ ПОДМОРНИЦИ, СО ЦЕЛ ДА Ѝ ПАРИРААТ НА КИНА

    САД, БРИТАНИЈА И АВСТРАЛИЈА ПРЕТСТАВИЈА НОВ ДОГОВОР ЗА НУКЛЕАРНИ ПОДМОРНИЦИ, СО ЦЕЛ ДА Ѝ ПАРИРААТ НА КИНАКина кажа дека овој поморски пакт ги повредува мирот и стабилноста (Фото: Гети)

    САД, Велика Британија и Австралија ги објавија деталите од нивниот план за создавање флота на нуклеарни подморници, со цел да се спротивстават на влијанието на Кина во Индо-Пацифичкиот регион. Според безбедносниот пакт АУКУС, САД ќе ѝ дадат најмалку три нуклеарни подморници на Австралија.

    Трите сојузници исто така заедно ќе креираат нова флота со помош на најсовремената технологија, што вклучува и реактори на „Ролс-Ројс“.

    Кина кажа дека овој поморски пакт ги повредува мирот и стабилноста. Џо Бајден возврати дека целта на договорот е да се зајакне мирот во регионот и дека подморниците ќе бидат на нуклеарен погон, а не нуклеарно вооружени.

    Овој договор нема да ја загрози посветеноста на Австралија да биде земја без нуклеарно оружје“, кажа Џо Бајден на средбата со британскиот и австралискиот премиер Риши Сунак и Ентони Албаниз во Сан Диего, Калифорнија.

    За Австралија, ова е значајно надградување на нејзините воени способности. Таа ќе биде само втора држава, по Велика Британија, која ќе ја добие елитната американска технологија на нуклеарен погон. Со овие подморници, Австралија првпат ќе биде способна да изведува напади со долг дострел против непријатели.

    Од 2027, САД и Велика Британија ќе стационираат мал број нуклеарни подморници во Перт, пред Австралија да купи три подморници од моделот „вирџинија“, со можност за уште две. Потоа ќе се дизајнира и изгради сосема нова нуклеарна подморница за британската и австралиската морнарица.

    Нашите три земји се посветени да обезбедат Индо-Пацифичкиот регион да остане слободен и отворен“, кажа Бајден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира