САД ГО ПРОТЕРАА АМБАСАДОРОТ НА ЈУЖНА АФРИКА ОТИ ГИ МРАЗЕЛ АМЕРИКА И ТРАМП

    САД ГО ПРОТЕРАА АМБАСАДОРОТ НА ЈУЖНА АФРИКА ОТИ ГИ МРАЗЕЛ АМЕРИКА И ТРАМПДржавниот секретар Марко Рубио го нарече амбасадорот Ембрахим Расул „политичар кој поттикнува расизам“ кој ги мрази Америка и претседателот Доналд Трамп. (Фото: АП)

    САД го протераа амбасадорот на Јужна Африка Ембрахим Расул, изјави вчера државниот секретар Марко Рубио, нарекувајќи го „политичар кој поттикнува расизам“ кој ги мрази Америка и претседателот Доналд Трамп. Врските меѓу САД и Јужна Африка се влошија откако Трамп ја прекина американската финансиска помош за земјата, поради неодобрување на нејзината политика за земјиштето и нејзиниот случај за геноцид во Меѓународниот суд на правдата против Израел.

    Рубио повторно сподели текст од десничарската веб-страница Брајтбарт во која се цитира амбасадорот Ембрахим Расул дека рекол оти Трамп го предводи белото „супремацистичко движење“.
    Претседателството на Јужна Африка денеска изрази жалење за протерувањето на Расул, и изјави дека останува посветено на градење заемно корисни односи со САД. Криспин Фири, портпарол на Одделот за меѓународни односи и соработка на Јужна Африка, објави на Икс дека владата „ќе се ангажира преку дипломатскиот канал“.

    Расул не успеа да обезбеди рутински состаноци со претставници на Стејт департментот и клучните републикански фигури откако Трамп, републиканец, ја презеде функцијата во јануари, објави оваа недела веб-страницата Семафор. Се цитира јужноафрикански дипломат кој вели дека пропалестинските ставови и критиките на Расул за Израел се чини дека се причина за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира