САД И ЕГИПЕТ ВЕЛАТ ДЕКА Е ДОГОВОРЕНО ПРИМИРЈЕ ВО ЈУЖНА ГАЗА ЗАРАДИ ПРИВРЕМЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН, ИЗРАЕЛ ДЕМАНТИРА

    САД И ЕГИПЕТ ВЕЛАТ ДЕКА Е ДОГОВОРЕНО ПРИМИРЈЕ ВО ЈУЖНА ГАЗА ЗАРАДИ ПРИВРЕМЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН, ИЗРАЕЛ ДЕМАНТИРАПовеќе од 2.700 луѓе загинаа во израелските воздушни напади на Газа (Фото: АП)

    САД, Израел и Египет договориле примирје во јужна Газа, што се совпаѓа со отворањето на граничниот премин Рафа, изјавија извори од египетските безбедносни служби. Примирјето стапило на сила во осум часот, во исто време кога требало да биде отворен граничниот премин што го контролира Египет. Од Хамас и од кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху кажаа дека немаат информации за хуманитарно примирје во јужна Газа.

    Не е договорено примирје колку што јас знам. И ние гледаме такви извештаи, но нема ништо потврдено“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Ричард Хехт.

    Од египетските безбедносни служби кажаа дека преминот ќе биде отворен само неколкѕу часа, без да наведат колку точно. Голем број луѓе се собрани пред преминот, кој засега останува затворен.

    Рафа е единствениот излез од Газа што не го контролира Израел, кој ги блокираше сите други излези. Египет беше под голем дипломатски притисок да го отвори овој премин, што би им овозможило на Палестинците со двојно државјанство и на другите странци да ја напуштат Газа.

    ИДФ проценуваат дека околу 500.000 луѓе заминале од северна Газа откако беше наредена евакуација на 1,1 милион жители, во очекувањето на почетокот на копнена офанзива.

    ИДФ одржува две безбедни рути за евакуација. Како што воената операција се движи кон засилена фаза, би било небезбедно за цивилите да останат во градот Газа“, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус.

    Повеќе од 2.700 луѓе загинаа во израелските воздушни напади на Газа, но палестинските власти велат дека под урнатините би можело да има над 1.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира