САД ИМААТ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА ВРЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, ВЕЛИ ТРАМП

    САД ИМААТ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА ВРЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, ВЕЛИ ТРАМПИран ефективно го затвори теснецот за најголемиот број бродови и сообраќајот низ него сега е минимален (Фото: АП)

    САД имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

    „Ние целосно го контролираме Ормускиот Теснец. Никој друг, само ние“, им рече тој на новинарите.
    Т
    рамп нагласи дека не му верува на Иран.

    „Јас сум последниот човек кој му верува на Иран. Тие постојано ме лажеа. Во моментов имаме целосна контрола врз Ормускиот Теснец. Тие немаат контрола“.

    Спорот околу транзитните права во теснецот доведе до неодамнешната ескалација на воениот конфликт помеѓу Вашингтон и Техеран. Пред САД и Израел да почнат да го напаѓаат Иран на 28 февруари, превозот низ Ормускиот Теснец се одвиваше непречено. Иран потоа ефективно го затвори за најголемиот број бродови и сообраќајот низ него сега е минимален.

    Околу една петина од светскиот извоз на нафта се одвиваше преку овој воден пат, кој е исто така клучен за транспорт на течен природен гас и ѓубрива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира