САД станаа прва земја со повеќе од 200.000 починати од ковид-19, објави универзитетот Џонс Хопкинс. Повеќе од 6,8 милиони жители на САД досега се заразиле со коронавирусот, што е најмногу на светот.
Во март, претседателот Доналд Трамп кажа дека „земјата завршила добра работа“ доколку бројот на смртни случаи биде меѓу 100.000 и 200.000.
Џонс Хопкинс денеска објави дека коронавирусот досега однесол 200.005 животи во САД. Првиот случај на зараза во САД беше потврден на 21 јануари. Трамп тогаш уверуваше дека ситуацијата е под целосна контрола, но во април, САД станаа глобален епицентар на пандемијата.
Северна Дакота е сојузна држава која во последно време бележи најмногу нови случаи на коронавирус на ден, а бројката е во пораст и во Јута, Висконсин, Тексас и Јужна Дакота.