САД ЈА НАДМИНАА ИТАЛИЈА ВО БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ВО БРИТАНИЈА НАД 900 МРТВИ ТРЕТ ДЕН ПО РЕД

    САД ЈА НАДМИНАА ИТАЛИЈА ВО БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ВО БРИТАНИЈА НАД 900 МРТВИ ТРЕТ ДЕН ПО РЕДВработени во мадридска болница му оддават почит на колега кој починал од коронавирус (Фото: Ел Паис)

    Велика Британија се ближи кон бројката од 10.000 мртви од КОВИД-19 откако во последните 24 часа починале 917 пациенти во тамошните болници. Ова е трет ден по ред на островот да има над 900 починати, а вкупната бројка сега порасна на 9.875.

    Од британската влада кажаа дека премиерот Борис Џонсон заздравува од коронавирусот и им порачаа на граѓаните да останат дома за Велигден.

    Во Италија, бројките варираат од ден за ден. Во последните 24 часа имало 619 починати и 4.694 новозаразени, што во двата случаи претставува пораст во однос на вчера. Коронавирусот досега однесе 19.468 животи во Италија, во што денеска беше помината од САД, кои сега се врвот на листата со 19.666 мртви.

    Шпанија пријави 510 починати во претходните 24 часа, најмалку во последните 19 дена и речиси двојно помалку во споредба со најцрниот ден во земјата, 2 април, кога имаше дури 950. Официјално, од почетокот на кризата во Шпанија починале 16.353 луѓе од КОВИД-19.

    Во земјата има и 4.830 нови случаи, а заздравиле 36,5% од досега заразените.

    Иако Шпанија и натаму е во вонредна состојба, владата најави дека од понеделник, градежништвото и индустријата повторно ќе проработат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира