САД ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР-БИОНТЕХ ПРОТИВ КОВИД-19, ВАКЦИНАЦИЈАТА ПОЧНУВА НА ПОЧЕТОКОТ НА ИДНАТА НЕДЕЛА

    САД ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР-БИОНТЕХ ПРОТИВ КОВИД-19, ВАКЦИНАЦИЈАТА ПОЧНУВА НА ПОЧЕТОКОТ НА ИДНАТА НЕДЕЛАВакцината на Фајзер и Бионтех е одобрена и во Велика Британија, Канада, Мексико и Бахреин

    Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ја одобри за итна употреба вакцината на Фајзер развиена со германскиот партнер Бионтех, за која последните испитувања покажаа дека е 95% ефикасна за спречување на ковид-19.

    ФДА соопшти дека вакцината може да се дава на лица на возраст постари од 16 години. Предвидено е во првиот круг од 2,9 милиони дози вакцината први да ја примат здравствените работници и жителите на домовите за стари лица.

    Владата на САД соопшти дека ќе започне со дистрибуција на вакцината низ целата земја веднаш по одобрението на ФДА и дека со вакцинација ќе се почне на почетокот на следната недела.

    Милиони Американци би можеле да започнат да се вакцинираат овој месец, особено ако брзо се одобри и втора вакцина што ја развива фармацевтската компанија Модерна.

    Вакцината на Фајзер и Бионтех за првпат беше одобрена во Велика Британија на почетокот на овој месец и тамошните жители почнаа да се вакцинираат во вторникот. Канада исто така ја одобри вакцината и очекува следната недела да започне со вакцинација.

    Мексико и Бахреин исто така ја одобрија вакцината.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира