САД ЈА ОДОБРИЈА ТРЕТАТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ

    САД ЈА ОДОБРИЈА ТРЕТАТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИКај децата не се откриени сериозни несакани ефекти од третата доза (Фото: АП)

    Американските власти ја одобрија третата доза на ковид вакцината на „Фајзер“ за децата од 12 до 15 години. Тие истовремено кажаа дека сите лица можат да ја примат дополнителната доза пет месеци по примарното вакцинирање.

    Агенцијата за храна и лекови (ФДА) ја препорача третата доза и за децата од пет до 11 години кои имаат нарушен имунитет.

    Одлуките се донесени среде нов силен бран на коронавирусот во САД, предизвикан од сојот омикрон, при што властите предупредуваат дека здравствениот систем би можел да стане преоптоварен.

    „Ги анализиравме податоците од Израел за 6.300 лица на возраст од 12 до 15 години кои ја примиле третата доза најмалку пет месеци по комплетирањето на примарното вакцинирање. Притоа не се откриени нови случаи на редок тип на срцево воспаление“, соопшти ФДА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира