САД ЈА ЗАТВОРААТ АМБАСАДАТА ВО КИЕВ И ГИ СЕЛАТ СВОИТЕ ДИПЛОМАТИ ВО ЛАВОВ

    САД ЈА ЗАТВОРААТ АМБАСАДАТА ВО КИЕВ И ГИ СЕЛАТ СВОИТЕ ДИПЛОМАТИ ВО ЛАВОВСАД сметаат дека руска инвазија може да се случи во секој момент, можеби уште оваа недела (Фото: Алами)

    САД ја затвораат својата амбасада во Украина и преостанатиот дипломатски персонал во земјата ќе го преселат во западниот град Лавов поради драматичното забрзување на трупањето на руските сили, објави државниот секретар Ентони Блинкен.

    „Ги наредив овие мерки од една причина, безбедноста на нашиот персонал и силно им порачуваме на сите американски граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата. Ова ни малку не ја намалува нашата поддршка или посветеност кон Украина. Истовремено продолжуваме со искрените напори да се постигне дипломатско решение за кризата. Дипломатскиот пат останува можен само ако Русија добронамерно се вклучи во него“, изјави Блинкен.

    Белата куќа постојано ги повторува повиците кон американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина, сметајќи дека руска инвазија може да се случи во секој момент, можеби уште оваа недела. Вашингтон изрази загриженост за безбедноста на американските дипломати зашто руска инвазија би можела да почне со воздушни и ракетни бомбардирања. Киев се наоѓа на само два часа од украинско-белоруската граница, каде што Русија го засилува своето воено присуство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира