САД ЌЕ Ѝ ДАДАТ НА УКРАИНА ТЕНКОВСКИ ГРАНАТИ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ

    САД ЌЕ Ѝ ДАДАТ НА УКРАИНА ТЕНКОВСКИ ГРАНАТИ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМГранатите за тенковите „абрамс“ ќе бидат испорачани подоцна оваа година (Фото: Гети)

    САД објавија дека ќе ја снабдат украинската војска со тенковски гранати со осиромашен ураниум како дел од новиот пакет воена и хуманитарна помош вреден една милијарда долари. Русија го осуди потегот со кој тенковите „абрамс“ ќе бидат опремени со оваа контроверзна муниција.

    Новиот пакет го објави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој вчера го посети Киев. 120-милиметарските гранати ќе ѝ бидат испорачани на Украина подоцна оваа година.

    Осиромашениот ураниум е природен ураниум кој е лишен од голем дел, но не целосно, од својата радиоактивна материја. Американскиот Научен комитет за ефектите на атомската радијација има утврдено дека тој не предизвикува значително труење, додека Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации вели дека постои ризик од радијација ако луѓето се најдат во близина на остатоци од оваа муниција.

    Во март, Пентагон кажа дека САД нема да праќаат муниција со осиромашен ураниум во Украина, откако тоа беше најавено од Велика Британија.

    Украина малку напредуваше на фронтот откако ја почна противофанзивата во јуни, но украинските генерали тврдат дека неодамна успеале да ја пробијат првата одбранбена линија на југот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира