САД НУДАТ НАГРАДА ОД 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА МАДУРО

    САД НУДАТ НАГРАДА ОД 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА МАДУРОМадуро денеска положи заклетва за трет шестгодишен мандат (Фото: Гети)

    САД објавија дека нудат награда од 25 милиони долари за информација која би довела до апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Тој денеска положи заклетва за трет шестгодишен мандат, речиси шест месеци откако беше прогласен за победник на изборите, што беше оспорено од опозицијата.

    Понудени се и награди за апсењето на министрите за внатрешни работи и за одбрана, Диосдадо Кабељо и Владимир Падрино.

    Бројни западни држави ја осудија денешната инаугурација на Мадуро, кој кажа дека неговиот следен мандат ќе биде период на мир.

    Овој нов претседателски мандат ќе го обележат мир, просперитет, еднаквост и нова демократија. Ѝ се колнам на историјата, се колнам во мојот живот, ќе го исполнам тоа“, изјави Мадуро.

    Резултатите од изборите на 28 јули во голема мера беа отфрлени од меѓународната заедница, па и од соседните земји Бразил и Колумбија. Претседателите на Куба и Никарагва беа единствените странски лидери на инаугурацијата.

    Многу земји, вклучувајќи ги САД, го признаа кандидатот на опозицијата Едмундо Гонсалес за легитимен победник на изборите. Тој избега од Венецуела во септември и оттогаш живее во Шпанија. Режимот на Мадуро издаде потерница по Гонсалес и понуди награда од 100.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира