САД ОТСЕГА ПОМАЛКУ ЌЕ СЕ ПОТПИРААТ НА ВОЕНАТА СИЛА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА, КАЖА БАЈДЕН, БРАНЕЈЌИ ГО ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД АВГАНИСТАН

    САД ОТСЕГА ПОМАЛКУ ЌЕ СЕ ПОТПИРААТ НА ВОЕНАТА СИЛА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА, КАЖА БАЈДЕН, БРАНЕЈЌИ ГО ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД АВГАНИСТАНБајден повтори дека бил решен да ја заврши бесконечната војна во Авганистан (Фото: АП)

    Џо Бајден уште еднаш ја бранеше својата одлука за повлекување на американската војска од Авганистан, што го отвори патот за враќање на талибанците на власт и смета дека тоа означува почеток на нова ера во надворешната политика на САД, во која помалку ќе се потпираат на воената сила.

    Последните американски војници го напуштија Авганистан во понеделникот пред полноќ, откако за период од две недели од кабулскиот аеродром беа евакуирани околу 124.000 луѓе.

    „Одлуката за Авганистан не е само за Авганистан. Таа треба да означи крај на ерата на големи воени операции за да се обноват други земји“, кажа Бајден.

    Тој се соочи со големи критики дома и надвор откако наглото повлекување на американската војска доведе до распад на авганистанските безбедносни сили, кои САД ги финансираа и тренираа со години.

    „Не верувам дека безбедноста на Америка се зајакнува со распоредување илјадници американски војници и со трошење милијарди долари во Авганистан. Подолгото останување веќе не беше опција. Не сакав да ги продолжам таа бесконечна војна и нашето бесконечно повлекување. Војната во Авганистан сега е завршена“, кажа Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира