Американските власти планираат бебињата и други мали деца присилно одземени од нивните родители на границата со Мексико да ги испратат во најмалку три кампови во јужен Тексас, дознава агенцијата АП. Адвокатите и медицинските лица кои ги посетија сегашните кампови во долинатана Рио Гранде кажаа дека тоа се игротеки полни со деца од претшколска возраст кои постојано плачат и кризираат.
Откако администрацијата на Трамп минатиот месец прогласи политика на нулта толеранција кон илегалните мигранти, повеќе од 2.300 деца биле одземени од нивните родители на американско-мексиканската граница, кои потоа се ставени под грижа на државата.
Од владата велат дека засега немаат план како ќе ги обединат децата со родителите.
„Оваа политика е релативно нова и ги разгледуваме досегашните искуства од обединувањето на децата со родителите по судски пресуди“, кажа Стивен Вагнер од Министерството за здравство.
Претседателот Трамп изјави дека државата е обврзана да ги одземе децата доколку нивните родители биле пратени во затвор за илегално поминување на границата.
„Кога ги процесуирате родителите за илегално влегување во државата, тогаш мора да им ги одземете децата“, кажа Трамп.
Оваа политика на насилно одземање на децата предизвика бури од осуда во САД и во светот.