САД ПРЕКУ ПОЛСКА ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА Ѝ ОБЕЗБЕДАТ РУСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ НА УКРАИНА

    САД ПРЕКУ ПОЛСКА ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА Ѝ ОБЕЗБЕДАТ РУСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ НА УКРАИНАУкраина инсистира на авиони од руско производство зашто нејзините пилоти се обучувани со такви системи (Фото: Гети)

    САД ја разгледуваат можноста за договор со Полска во кој таа би ѝ обезбедила авиони од руско производство на Украина, а за возврат би добила американски борбени авиони „Ф-16“.

    Ова следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше видеоразговор со американските конгресмени, од кои побара да ѝ помогнат на Украина да добие борбени авиони преку источноевропските членки на НАТО.

    „Работиме со Полјаците на овој проблем и се консултираме со останатите сојузници од НАТО. Ако Полска одлучи да ѝ даде авиони на Украина, ние ќе се потрудиме да ја пополниме полската флота. Испраќањето борбени авиони во Украина е суверена одлука на секоја држава, но тоа ќе бара и обемна логистика“, изјави портпарол на Белата куќа.

    Украина наводно инсистира на авиони од руско производство, зашто нејзините воени пилоти се обучувани со такви системи.

    Зеленски ноќеска разговарал и со Џо Бајден, кој ветил економска, хуманитарна и безбедносна помош за Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира