САД РАЗМИСЛУВААТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЕМБАРГО НА РУСКАТА НАФТА

    САД РАЗМИСЛУВААТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЕМБАРГО НА РУСКАТА НАФТАТранспарент од протестот против руската инвазија пред Белата куќа во саботата (Фото: Шатерсток)

    Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво од јули 2008, откако САД кажаа дека ја разгледуваат опцијата за воведување ембарго на руската сурова нафта. Американската нафта брент, која важи за меѓународен репер, чинеше 139 долари за еден барел, пред да падне на 130 долари.

    Руската инвазија на Украина има големо влијание врз пазарите на енергијата бидејќи се стравува од нарушување на испораките.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека Вашингтон дискутира со своите сојузници за ембарго на руските испораки на нафта. Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, потоа кажа дека се анализира законодавство за забрана на увоз на руската нафта.

    „Претставничкиот дом моментално истражува силни законски опции за дополнително изолирање на Русија од глобалната економија“, кажа Пелоси.

    Ембарго на руската нафта би значело голема ескалација во реакциите на руската инвазија и би можело да има големо влијание врз светската економија. Цените на нафтата брент пораснаа за повеќе од 20% минатата недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира