Доналд Трамп изјави дека американската војска силно го нападнала Иран, велејќи дека тоа било во чест на тројцата американски војници кои загинаа во изминатите денови, двајца во Јордан и еден во Ирак.
Централната команда на САД соопшти дека утрово лансирала нов бран напади, деветта ноќ по ред, при што експлозии се слушнале низ целиот Иран. Цел на нападите биле воени локации и комуникациски мрежи.
Иран кажа дека возвратил со изненадувачки напад врз Сирија и дека гаѓал американски авиони на аеродром во Јордан. Иранските медиуми известија дека два танкера експлодирале додека се обидувале да го поминат Ормускиот Теснец. Иранската револуционерна гарда соопшти дека танкерите минувале низ „небезбедна и опасна јужна рута“ на Теснецот, при што „експлодирале и биле запрени“.
САД синоќа потврдија дека еден американски војник загинал во северен Ирак при „контролирана детонација на соборен ирански дрон“. Ова се случи два дена по смртта на двајца војници во Јордан, каде што еден се води како исчезнат. Од војската кажаа дека се пронајдени „неидентификувани останки“.



