САД СО РЕКОРДНИ 100.000 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ДЕН ПО ИЗБОРИТЕ

    САД СО РЕКОРДНИ 100.000 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ДЕН ПО ИЗБОРИТЕКој и да победи на изборите, го очекува влошена здравствена ситуација во земјата (Фото: Гети)

    САД вчера регистрираа 100.000 нови случаи на коронавирус, што претставува дневен рекорд за земјата и навестува дека идниот претседател ќе се соочи со дополнително влошена здравствена ситуација. Во исто време, починале повеќе од 1.100 Американци од ковид-19.

    Во земјата има над 50.000 хоспитализирани лица, што е пораст од 64% во споредба со минатиот месец.

    САД во изминатиот седумдневен период имаат просек од 86.000 новозаразени на ден, 45% повеќе во споредба со претходните две недели.

    „Сегашниот мандат на Доналд Трамп трае до 20 јануари. Во тие 86 дена, уште 100.000 Американци би можеле да умрат од вирусот ако нацијата не го промени курсот. Сите податоци моментално одат во погрешна насока. Вирусот забрзано ќе продолжи да ескалира ако сами не преземеме нешто да го сопреме“, вели Роберт Марфи, извршниот директор на Институтот за глобално здравје на Медицинското училиште Фајнберг во Чикаго.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира