САД пријавија повеќе од 60.000 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд, објави Универзитетот Џонс Хопкинс. Претходниот рекорд беше регистриран на 2 јули, кога имаше 55.220 новозаразени.
Последните бројки доаѓаат откако Калифорнија и Тексас пријавија по 10.000 нови случаи на зараза, додека претседателот Доналд Трамп и натаму тврди дека земјата е во добра позиција во поглед на епидемијата. Тој кажа дека ќе ги притисне државните и локалните лидери да ги отворат училиштата наесен, тврдејќи дека тие се држат затворени не поради ризикот од коронавирусот, туку од политички причини.
Д-р Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, вели дека земјата и натаму е во првиот бран на ширењето на коронавирусот и предвиде дека во еден момент ќе има и 100.000 заразени во еден ден.
Од почетокот на пандемијата, во САД има повеќе од три милиони заразени и 131.000 починати од ковид-19.