САД СТИГНАА ДО МИЛИОН СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    САД СТИГНАА ДО МИЛИОН СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУССАД уште во март ја надминаа Кина како земја со најмногу случаи на коронавирус (Фото: АП)

    САД станаа прва држава која стигнала до еден милион потврдени случаи на коронавирус. Тоа е една третина од вкупната бројка заразени на светско ниво.

    Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има 1.002.000 заразени, додека од КОВИД-19 починале 56.749 луѓе. САД уште во март ја надминаа Кина како земја со најмногу случаи на коронавирус. На второто место сега е Шпанија, но со околу 730.000 случаи помалку.

    Доналд Трамп изјави дека САД прават далеку повеќе и подобри тестирања од која било земја. Последните податоци покажуваат дека во земјата досега се направени речиси 5,6 милиони тестови, најмногу на светот, но тоа е еден тест на секои 60 жители, додека односот во Италија е еден на 35, а во Шпанија еден на 45.

    На светско ниво, вчера беше надмината границата од три милиони заразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира