САД СТОПИРАЛЕ ПРАТКА СО БОМБИ ЗА ИЗРАЕЛ ЗАШТО СЕ ПРОТИВАТ НА НАЈАВЕНАТА ОФАНЗИВА ВО ЈУЖНА ГАЗА

    САД СТОПИРАЛЕ ПРАТКА СО БОМБИ ЗА ИЗРАЕЛ ЗАШТО СЕ ПРОТИВАТ НА НАЈАВЕНАТА ОФАНЗИВА ВО ЈУЖНА ГАЗАИзраелската војска им нареди на десетици илјади цивили да заминат од источните делови на градот Рафа (Фото: АП)

    САД минатата недела стопирале испорака на бомби во Израел поради грижите за најавената копнена офанзива во јужниот град во Газа, Рафа, изјавија американски функционери. Пратката се состоела од 1.800 бомби тешки по 907 килограми и 1.700 бомби од по 226 килограми.

    Израел не одговори целосно на американската загриженост за хуманитарните потреби на цивилите во Рафа“, кажаа од Вашингтон.

    Израел ноќеска продолжи со воздушните напади во Газа, неколку часа откако со помош на тенкови ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа кон Египет, клучен за достава на хуманитарната помош. Израелските бомбардирања биле особено силни околу Рафа.

    Израелската војска им нареди на десетици илјади цивили да заминат од источните делови на градот Рафа, најавувајќи ограничена операција против тамошните борци и структури на Хамас.

    Американската позиција е дека Израел не би требало да тргне во копнена офанзива во Рафа, каде што се засолнети повеќе од милион луѓе, кои нема каде да одат. Израел се чини се ближи кон точката на одлука за таква операција, поради што минатиот месец почнавме да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа. Како резултат на тоа, минатата недела паузиравме една пратка со бомби“, изјави висок американски функционер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира