Небото над јужна Грција доби портокалова нијанса вчера откако облаците од прашина разнесени преку Средоземното Море од Северна Африка ги покрија Акропол и другите знаменитости на Атина. Силните јужни ветрови донесоа прашина од Сахара, давајќи ѝ марсовски филтер на атмосферата во Атина во последните часови од дневната светлина.
Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите. Во делови на Крит вчера беа измерени 30 Целзиусови степени, дури 20 степени повеќе во споредба со северна Грција. Силните ветрови помогнаа да се појават и шумски пожари.