САЛМАН РУЖДИ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, НО ВО НАПАДОТ ГО ИЗГУБИ ЕДНОТО ОКО И РАКА, ВЕЛИ НЕГОВИОТ АГЕНТ

    САЛМАН РУЖДИ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, НО ВО НАПАДОТ ГО ИЗГУБИ ЕДНОТО ОКО И РАКА, ВЕЛИ НЕГОВИОТ АГЕНТРужди добил три сериозни рани во вратот и 15 рани во градите и торзото. (Фото: АП)

    Агентот на Салман Ружид изјави дека славниот ирански писател го изгубил видот на едното око и раката. Ружди се опоравува од нападот на 12 август годинава во Њујорк, кога на сцена за време на предавање беше прободен од еден маж.

    Книжевниот агент Ендрју Вили во интервју кажа дека Ружди добил три сериозни рани во вратот и 15 рани во градите и торзото, поради што го изгубил видот и едната рака не може да ја користи.

    „Важно е дека ќе преживее“, изјави Вили, без да открие дали писателот е в болница.

    Ружди (75 ) со години се соочуваше со смртни закани поради неговата книга „Сатански стихови“ од 1988, чија содржина некои муслимани ја сметаат за богохулна.

    Нападот во Њујорк го изврши 24-годишниот Хади Матар, Американец со либанско потекло, кој е обвинет за обид за убиство и е во притвор. Матар се изјасни за невин по обвиненијата за обид за убиство и напад за, како што го нарече обвинителот, „однапред планирано“ кривично дело. Во интервју од затворот за „Њујорк пост“, Матар рече дека не го сакал Ружди и го величал Хомеини. Иран негираше вмешност во нападот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира