„САТАНАТА НА ПАТОТ КОН ПЕКОЛОТ“ – ДЕЛ ОД ИРАНЦИТЕ НЕ ЈА ЗАБОРАВИЈА ФАТВАТА И ГО ВЕЛИЧААТ НАПАДОТ НА САЛМАН РУЖДИ

    „САТАНАТА НА ПАТОТ КОН ПЕКОЛОТ“ – ДЕЛ ОД ИРАНЦИТЕ НЕ ЈА ЗАБОРАВИЈА ФАТВАТА И ГО ВЕЛИЧААТ НАПАДОТ НА САЛМАН РУЖДИДел од муслиманите сметаат дека Ружди ја оцрнил исламската вера со својата книга „Сатански стихови“ (Фото: АП)

    Иранската јавност реагираше со величење и загриженост по вчерашниот напад на писателот Салман Ружди, кој беше избоден со нож на јавен настан во Њујорк. Нападот се случи 33 години откако тогашниот врховен водач на Иран, ајатолах Хомеини, издаде фатва или указ, повикувајќи на смрт на Ружди поради неговата книга „Сатански стихови“.

    Нејасно е зошто 34-годишниот Хади Матар од Њу Џерси го нападнал Ружди, додека владата на Иран и тамошните државни медиуми исто така не го наведоа мотивот.

    Некои жители на Техеран го величаат нападот, сметајќи дека писателот ја оцрнил исламската вера со својата книга „Сатански стихови“ од 1988. Надреалниот модернистички роман предизвика гнев кај некои муслимани, кои ја сметаа неговата содржина за богохулна. Индија, родната земја на Ружди, прва ја забрани книгата, по што примерот го следеа и Пакистан, други муслимански држави и Јужна Африка.

    Сакам да ги информирам сите смели муслимани низ светот дека ги осудувам на смрт авторот на книгата насловена ‘Сатански стихови‘ и издавачите кои се свесни за нејзината содржина. Секој што ќе умре додека го прави тоа ќе стане маченик и ќе оди директно во рајот“, објави ајатолах Хомеини во 1989.

    Нож во вратот на Салман Ружди“, стои на денешната насловна страница на весникот „Ватан-е-Емруз“, додека конзервативниот весник „Корасан“ објави наслов „Сатаната на патот кон пеколот“.

    Сепак, фондацијата „Кордад“, која понуди награда од 3,3 милиони долари за главата на Ружди, сè уште не го коментирала нападот.

    Иранските реформисти со тек на време се обидуваа да ја дистанцираат владата од фатвата, што официјално беше потврдено од претседателот Хатами во 1998, по што Ружди почна постепено да се враќа во јавниот живот. Сепак, некои во Иран никогаш не ја заборавија фатвата, а и сегашниот врховен водач, ајатолах Али Хаменеи, не ја отповика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира