Кина денеска пријави дека од почетокот на декември починале речиси 60 илјади лица по компликации од ковид-19, по реакциите дека не објавува податоци, додавајќи оти е поминат пикот на епидемијата.
Податоците од Комисијата за национално здравје велат дека од 8 декември, 5.503 лица починале од респираторни проблеми предизвикани од ковид-19 и 54.435 лица кои имале коморбидитети. Оние смртни случаи кои се поврзани со коронавирус, се пријавени во болнички услови, што ја зголемува веројатноста дека многу лица починале во домашни услови.
Според сателитските снимки од изминативе денови од повеќе кинески градови, се забележува големи гужви во крематориумите и погребалните домови.
Кина неодамна го напушти својот строг пристап кон вирусот за нулта-ковид, кој предизвика масовни протести по повеќе од две години строга контрола на личниот живот на граѓаните.