СÈ Е ВО ИГРА, КАЖА ТРАМП ЗА МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ АМЕРИКАНСКИ ТРУПИ ВО ИРАН

    СÈ Е ВО ИГРА, КАЖА ТРАМП ЗА МОЖНОСТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ АМЕРИКАНСКИ ТРУПИ ВО ИРАНТрамп вели дека новиот врховен водач на Иран ќе мора да добие одобрение од САД (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп не ја исклучи можноста за испраќање американски трупи во Иран за да се заземат неговите залихи на збогатен ураниум, што се користи како гориво за реактори, но и за нуклеарно оружје.

    Сѐ е во игра, сѐ“, кажа Трамп, кој во изминатите денови велеше дека не се размислува за копнена инвазија.

    Тој исто така повтори дека новиот врховен водач на Иран ќе мора да добие одобрение од САД, без разлика кој ќе биде избран за наследник на убиениот ајатолах Али Хамнеи.

    Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на секои 10 години“, рече Трамп, додавајќи дека би бил отворен да одобри некого кој има врски со стариот режим.

    Иранските медиуми објавија дека иранското Собрание на експерти веќе го избрало новиот врховен водач, но неговото име засега не се соопштува.

    Изборот на лидер е одржан и лидер е назначен. Сега одлуката е на претседателот на советот“, изјави членот на Собранието, Ахмад Аламолхода.

    Израел веднаш се закани дека ќе го таргетира и новиот врховен водач.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира